Ова се новите цени на горивата во Македонија


Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,09%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 06.02.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, а малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената Одлуката од 06.02.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.02.2017 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 41,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,347 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.02.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,498 ден/кг


Видете следно

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк” за 2019 година, за одличен квалитет при …