Рејнхарт: Заздравувањето на економијата може да трае и до пет години


Мадрид, 17 септември 2020 (МИА) – Глобалното економско заздравување од кризата настаната од пандемијата со новиот коронавирус може да потрае и до пет години, изјави денеска главната економистка на Светска банка, Кармен Рејнхарт.

– Најверојатно ќе дојде до брзо заздравување со оглед на тоа што сите рестриктивни мерки поврзани со блокадите се укинати, но целосната обнова може да трае дури и пет години, истакна Рејнхарт.

Таа истакна дека рецесијата предизвикана од пандемијата трае подолго во некои земји и оти ќе се влоши нееднаквоста така што сиромашните држави ќе бидат попогодени отколку богатите.

– Првпат по 20 години глобалната стапка на ситомаштија ќе порасне по кризата, посочи Рејнхарт.


Видете следно

Промени во пакетот мерки за економска помош на Американците

 Американскиот претседател, Џо Бајден, се согласи да ја корегира „сигурноста” на исплата на 1.400 долари …