Breaking News

Реконструкција на јужната трибина на градскиот стадион во Кавадарци


На иницијатива на Општина Кавадарци во соработка со ФФМ, во моментов се работи на реконструкција, доградба на јужната трибина на градскиот стадион Тиквеш, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.


Изведувач на работите е Бауер од Скопје.


Истовремено, на улицата „Јадранска“ започна реконструкцијата на фекална и атмосферска канализација во должина од 60 метри, со цевки Ф250. Станува збор за реализација на активности од програмата за 2023 година. Изведувач и инвеститор е јавното претпријатие ,,Комуналец” од Кавадарци. свд/ев/