Рекорден број луѓе во еврозоната се без работа


Нов рекорд достигна невработеноста во еврозоната во септември. Веќе 12,2 % од населението е без работа, објави европската статистичка служба Евростат.

Податоците за невработеноста во јули и август беа ревидирани кон зголемување (односно 12,1 % и 12,2 %), што е спротивно на објавениот пад пред време на невработеноста, кој беше прв од февруари 2011 година.

За една година бројот на невработени се зголемил за речиси еден милион луѓе 996.000.

Во целата ЕУ невработеноста достигна 11% во септември, како и претходниот месец. Вкупно тоа претставува 26,87 милиони луѓе. Ситуацијата е особено критична во Грција и Шпанија, кои настрадаа од кризата. Таму невработени се повеќе од еден на секои четворица работоспособни граѓани и над еден од двајца млади.

Невработеноста во Грција е 27,6 %, каде последните податоци се однесуваат за јули. Во Шпанија во септември невработеноста достигна 26,6 %, како и во август. Ситуацијата значително се влоши за една година во најранливите земји од т.н. периферија – во Кипар, па невработеноста се зголеми од 12,7 % на 17,1% , а во Грција – од 25,0% на 27,6 %.

Во Италија ситуацијата исто така не е воопшто розова. Таму невработени се 3,1 милиони лица, а нивниот број се зголемува за 0,9 % месечно. Нов рекорд достигна и невработеноста меѓу младите (на возраст меѓу 15 и 24 година), кој веќе достигна 40,4 %. Италија падна во длабока рецесија пред 2 години и сегашната влада изразува надеж дека до крајот на годината ќе бидат забележани првите знаци на економско заживување.

Најниска била невработеноста во Австрија (4,9 %), во Германија (5,2 %) и во Луксембург (5,9 %).

Освен тоа , инфлацијата во еврозоната значително е намалена до 0,7 % во октомври, кое е најниско ниво од крајот на 2009 година. Цените се зголемени за 0,7 % за една година по 1,1 % претходниот месец, пренесе newsexpert.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …