Рекордна посетеност на првиот фестивалски ден на Skopje Wine Expo


Винскиот фестивал под покровителство на град Скопје, вчеравечер забележа рекордна посетеност на првиот фестивалски ден.  Голем број на граѓани го посетија „Skopje Wine Expo” и уживаа во дегустација на сортни македонски вина, вински коктели и гурмански деликатеси. Посетителите на плоштадот „Мајка Тереза”уживаа со Brass Brothers, дуетите на Блага и Ефто, како и во оперската арија која ја отпеа доајенот на македонската музика. Крајот од вечерта беше резервиран за српскиот поп бенд Тропико.

Денеска на фестивалот, под мотото „One Love” настапуваат: Либеро бенд, Графа, Криско, Нокаут, Слаткаристика и Дј Оки Доки.  Skopje Wine Expo” започнува во 18:00, со „after work” забава, а влезот за посетителите е бесплатен.


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …