Ренато Крљев, мастер готвач и декан и професор за Задарскиот факултет за гастрономија гостин на Skopje Design Week


Малите нешта ги прават големите работи да изгледаат како што ние ги перципираме, вели Ренато Крљев, мастер готвач и декан и професор за Задарскиот факултет за гастрономија. Ренато има еднодневна презентација во склоп на Skopje Design Week, на која ќе ги пренесе тајните на гатсрономијата од Задар и околина и како малите нешта се клучот на успешен туризам и угостителство.

Задар разви одлична туристичка понуда базирана на мали локални настани, врвно кулинарство, фестивали и слични случувања, сезона која не трае само 2 месеци (јули и август) како на многу други приморски места. Сите капацитети кои во последниве 5 години чиј број се зголеми за 200%, работат со полн капацитет од април до октомври. Зборувам за хотели, ресторани, кампови и други ХОРЕКА објекти. Не случајно Хрватскка увезува голем борј на сезонски работници од Македонија секоја година, и овој број само ќе расте во иднина.

“Кај вас во Македонија во последниве 10 години се води малку негативна кампања за Хрватска, се зборува дека Хрватска е скапа дестинација а дека Грција не е. Секојпат се исткнуваат само цените во Дубровник, кој е скап град, но другите градови имаат идентични цени со вашите, кои можат да бидат за 20 до 25 проценти повисоки во сезона. Анализите на пазарот покажуваат дека Хрватските цени во поглед на тоа што ние го нудиме се многу попогодни и ценовно и културолошки, а да не спомнувам дека ние ја цениме многу Македонија и македонската култура, за разлика од другите земји”. – додаде Ренато Краљев

Затоа и оваа голема презентација за време на Skopje Design Week, презентираме модерна Хрватска, поточно Задарска кујна во сабота со почеток од 19:00 часот под наслов “Taste of Zadar“ каде готвачите од ресторанот 4 Кантуна од Задар ќе се претстават со нивните автентични рецепти. Истиот ден држам мастер час за професионални готвачи, презентираме можности за вработување во ХОРЕКА секторот во Хрватска во реномирани туристички капацитети, и ја промовираме мојата книга  “Кухарица” – тајните на далматинската храна. Тежнееме од повеќе аспекти да ја доближиме хрватската култура и Хрватска како идна летна дестинација на сите македонци и оние кои сакаат да заработат и оние кои сакаат да уживаат.


Видете следно

На денешен ден беше застрелан, а остана еден од најголемите музички икони на дваесетиот век

Џон Винстон Ленон е роден на 9 октомври 1940 е познат како пејач, композитор и …