Renault скратува 7500 работни места во Франција


Францускиот производител на автомобили Renault планира да скрати 7500 работни места во Франција до 2016 година, за да ја зголеми својата конкурентност, соопшти агенцијата Reuters.

Отпуштањата се еднакви на 14% од вработените на компанијата, при што 5700 од работните места ќе отпаднат преку природна реорганизација

Автомобилскиот производител инсистира работниците да прифатат нов национален договор за платите и условите за работа, за да се намалат трошоците.

Renault располага со околу 128 000 работници низ целиот свет, покажуваат податоците од нивниот веб портал.

Во моментов нема коментари од претставниците на синдикатот.


Видете следно

Хорор за време на летот Келн – Скопје: Погледнете што се случувало во авионот

На вчерашниот лет од Келн кон Скопје се случија големи турбуленции. Како што дознава порталот …