Република Северна Македонија и Светската банка ќе склучат Договор за заем во износ од 125.000.000 евра


Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог на Закон за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност, кој го доставува до Собранието на Република Северна Македонија за усвојување.

Целта на овој заем е да се обезбедат средства за буџетска поддршка, а основното начело врз основа на кое се заснова овој предлог на Закон е обезбедување на заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност.

Оттука, Република Северна Македонија и Светската банка ќе склучат Договор за заем во износ од 125.000.000 евра, кои се дел од новата Рамка за партнерство на државата со Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка договорена на 18 април 2019 година за периодот 2019-2023 година во висина до 420 милиони УСД за нови заеми во текот на следните четири и пол години на спроведување на Рамката за партнерство, во зависност од капацитетот за кредитирање на Светска банка, барањата на други заемопримачи, успешноста и приоритетите на земјата и глобалните економски настани.

Рамката за партнерство се фокусира на три меѓусебно поврзани области кои Република Северна Македонија ги има постигнато, како што се: Извозно – ориентиран раст; Подобрување на средината за конкурентен приватен сектор; Инклузивен раст, односно проширување на вештините и можностите за најранливите категории; и Одржлив раст, односно подобрување на одржливоста и градење на отпорност на шокови.


Видете следно

По 10.000 денари за првенците на генерација во Општина Аеродром

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во …