Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 58 104 882 илјади денари и бележи пораст од 6.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2019 година изнесува 76 641 783 илјади денари, што е за 9.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 18 536 901 илјадa денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 75.8 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – февруари 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Обем на размената, I-II 2019

Покриеност на увозот со извоз

134 746 665 илјади денари

75.8%

2 189 574 илјади евра

75.8%

2 491 782 илјади САД долари

75.9%

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 944 181 илјада евра и бележи пораст од 6.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 245 393 илјади евра, што е за 9.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 301 212 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 1 075 052 илјади САД долари и бележи пад од 1.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 416 730 илјади САД долари, што е за 1.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 341 678 илјади САД долари.

 


Видете следно

Мицкоски: Ахмети ме информираше дека ќе преговара за влада со СДСМ

Со Али Ахмети имавме едночасовна средба минатата недела во Собранието. На таа средба господинот Ахмети …