Рецепт за успех: Како Шведска ја засили својата економија во времето на коронавирусот?


Шведската економија неочекувано профитираше од одбивањето да се наметне карантин и повеќето други рестриктивни мерки поврзани со коронавирусот, пренесува CNBC, според податоците на Европската централна банка (ЕЦБ).

Во изминатите три месеци, девизниот курс на шведската круна во однос на еврото се зголеми од 11,2 круни на еврото во средината на март на 10,4 круни на почетокот на јули. Економистите посочија за американската телевизија дека тоа се случило и покрај епидемијата во земјата и мерките преземени од надлежните, пренесува SEEbiz.

Треба да се потсетиме дека шведската влада од почетокот одби да воведе строги рестриктивни мерки. Немаше забрана за луѓето да излегуваат на улица, да работат во јавни институции и да одат во странство. Ова доведе до зголемување на бројот на починати во однос на другите земји во регионот, меѓутоа, властите ги оправдаа своите постапки со желба да ја одржат конкурентноста на економијата.

Аналитичарите сметаат дека падот на круната во март е предизвикан од загриженоста на инвеститорите за состојбата на шведското здравство и иднината на економијата. Сепак, нивното однесување тогаш се смени, па дури и домашните инвестиции се зголемија.

Во последните неколку недели, девизниот курс на круната се зајакна, дури и покрај одлуките на Riksbank за спроведување програма за квантитативно олеснување (QE) по примерот на ЕЦБ. Регулаторот купува државни обврзници и корпоративни обврзници од комерцијални банки, што служи како репер за идните емисии на обврзници.

 


Видете следно

Деспотовски во посета на ТИР зоните во Скопје, најавени повисоки плати и нови инвестиции

Поттикнување на нови инвестиции и како да се стимулира растот на платите, беа во фокусот …