Рецесијата изеде 100 000 работни места во Хрватска


Кризата тешко се одрази на Хрватска. Поради неа беа затворени 100 000 работни места и беше проголтан цел еден државен буџет. Тоа го изјави заменик – министерот за финансии на Хрватска Борис Лалова.

Лаловац соопшти дека владините мерки предвидуваат данок на каматите од штедните влогови. Лаловац појасни дека ќе има даночни олеснувања за сумите до 1.500 евра – 12 000 куни.

“Ние сме должни да го намалиме дефицитот и кај приходната и кај расходната страна”, истакна Борис Лаловац.

“Какви мерки да бидат преземени секогаш ќе има незадоволни. На ова прашање нема сомнеж, бидејќи кризата трае премногу долго. Луѓето се нервозни, немаат работа, депресијата е насекаде и кај работодавачите и кај потрошувачите”, заклучува хрватскиот заменик- министер.


Видете следно

Човек во центарот на Скопје нападна Кинези: Коронавирус, мрш од тука!

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слуша како еден човек вербално напаѓа …