Рециклирање отпад од пластика – предизвици и можности


Рециклирањето како една од најзначајните дејности и брзорастечка индустрија, има огромно влијание врз економијата но и врз квалитетот на животот. Колку и да сакаме да веруваме дека сме еколошки освестени, сепак со оглед на годишното производство на пластика и колку од неа се рециклира, заклучокот е дека малку знаеме а уште помалку применуваме. Пластичниот отпад во земјата опфаќа 15% од вкупниот комунален отпад или 150 000 тони, а се рециклира само 1% од сето тоа. Тоа е поразително за нашата еколошка свест, но уште повеќе за економијата со оглед на можностите што произлегуваат од рециклирањето пластика.

Една од најголемите предности и можности на рециклирањето е отворањето нови работни места. Со рециклирањето се создаваат повеќе работни места отколку со депонирање или согорување отпад. Така, со согорување на 10 000 тони отпад се создава само 1 работно место, со депонирање на истата количина отпад на депонија се создаваат 6 работни места, а пак со рециклирање на истите 10 000 тони се создаваат 36 работни места!


Со редовно рециклирање се намалува потребата за нови суровини што е исклучително скап процес, а притоа се троши многу вода и енергија. Процесот на вадење суровини може да генерира многу загадување. Кога се рециклира помалку ресурси се ископуваат, што заштедува многу од скапоценостите на планетата како што се природните ресурси, вклучувајќи дрвја, вода, масло и метали. Колку повеќе рециклираме, толку повеќе заштеда на природните ресурси!
Исто толку голема предност на рециклирањето е тоа што спречува создавање уште отпад и натрупување на депониите. Бидејќи повеќе рециклирање значи помалку екстракција, тоа значи и помало загадување. Кога рециклираме повеќе, испраќаме помалку материјал на депониите. Распаѓањето на материјалот на депониите испушта метан, стаклена градина 30 пати поштетен од јаглерод диоксидот, па што помалку од ваквите емисии, толку подобро!

Сепак, освен предностите на рециклирањето, единствениот и голем предизвик, посебно кај нас земајќи го предвид оној еден процент пластика што се рециклира, е непостоењето свест и знаење за селекција на пластиката од комуналниот отпад и за рециклирањето.

Од G&O Waste solutions, компанија што работи со третман на отпадна пластика, селекција и балирање велат дека за успешноста на процесот клучно е да се направи едукација и да се подигне свеста на граѓаните за придобивките од рециклирањето што ќе се одразат директно врз нив и квалитетот на нивните животи. „Прво е потребно да се едуцираат граѓаните за селекција на отпадот, а потоа и да им се овозможи да ја прават таа селекција. Следно е граѓаните да знаат дека пластиката која тие ја селектирале не завршува на некоја од општинските депонии кои во најголем дел се неконтролирани, без никакво рециклирање. Кога граѓаните ќе знаат дека нивната пластика ќе се рециклира во единици како што е нашата модерна фабрика за рециклирање, тие активно ќе се вклучат во селектирањето и тоа веднаш ќе ја подобри општата состојбата со отпадот. Нашата единица за рециклирање го прима мешаниот пластичен отпад и ја селектира пластиката според типот, полипропилен, полиетилен, пластичен филм и слично. Овој внимателен избор овозможува подобро рециклирање на отпадот и придонесува потоа да се намалат произведените количини пластика и на крајот да се подобри нашето опкружување“, велат од G&O Waste.

Иако важи за загадувач на природата, пластика зазема голем дел од нашето секојдневие и не можеме едноставно да се откажеме од неа, но може да и се даде дополнителна употребна вредност.


Видете следно

ЈуТјуб ја суспендира телевизијата Скај њуз Австралија поради дезинформации за Ковид-19

Вашингтон, 1 август 2021 (МИА) – ЈуТјуб (YouTube) денеска објави дека на една недела го суспендира …