РК: причината поради која во моментот Министерството за внатрешни работи се соочува со недостаток на регистарски таблички, а во секој случај не по вина на Раде Кончар – Контактори и релеи


Во врска со континуираната комуникација на правни и физички лица со Раде Кончар – Контактори и релеи, како и информациите кои се пласирани во јавноста преку одредени медиуми, на тема – недостаток на нови регистарски таблички со нумерација од нашата Држава, со ова сопштение сакаме да ја инфомриаме јавноста за причината поради која во моментот Министерството за внатрешни работи се соочува со недостаток на регистарски таблички, а во секој случај не по вина на Раде Кончар – Контактори и релеи.

Раде Кончар – Контактори и релеи беше надлежен и одговорен за спроведување на договорот за изработка на регистарските таблички склучен со Министерствототo за внатрешни работи, до исцрпувањето на вредноста на рамката.


Имено, регистарските таблички, како основен метод за нумерација и идентификација на превозните средства во патниот сообраќај во Република Северна Македонија се од суштинско значење за непречено функционирање на Државата. Имајќи ја предвид сериозноста на состојбата, како единствен производител на овие таблички, благовремено го информиравме Министерството за внатрешни работи дека постои недостаток на регистарски таблички поради истек на договорот. Раде Кончар – Контактори и релеи ниту добиваше нарачки за изработка, ниту имаше законска можност да испорачува регистарски
таблички во изминатиов период.

На ден 26.09.2020 Министерстовото за внатрешни работи објави повик за јавна набавка на регистарски таблици за моторни возила, која постапка заврши со поништување. Во повторената постапка Министерството дури во месец април донесе и одлука за избор на најповолен понудувач. Во оваа постапка, друг економски оператор е избран за најповолен понудувач, додека Раде Кончар – Контактори и релеи е елиминиран, па нашите права ќе продолжиме да ги остваруваме преку надлежните институции и во рамки на позитивните прописи.

Како сериозна компанија која постои повеќе од 70 години, сакаме да ја информираме јавноста дека недостатокот од регистарски таблички во државата во никој случај не е поврзан со работењето на Раде Кончар – Контактори и релеи и целосно се оградуваме од оваа ситуација.

Раде Кончар-Контактори и релеи е единствена домашна компанија која инвестираше во комплетна технологија за производство на регистарски таблички од осамостојувањето, поточно од 1996 година. Како единствен домашен производител на регистарски таблички сме горди на квалитетот кој е потврден со меѓународни сертификати и поради тоа ги преземаме сите потребни мерки за спречување на ширење на шпекулации и невистини кои негативно се одразуваат на нашето работење и углед.


Видете следно

Вработени во спортски обложувалници: Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме

Ние, вработените во спортски обложувалници денес одржавме прес-конференција пред Владата на РС Македонија, на која …