РКЕ ќе носи нова одлука за цените на горивата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е и точка за носење одлука за нови цени на нафтените деривати што ќе бидат на сила од полноќ.

-Предусловите се исполнети. РКЕ ќе донесе одлука за нови цени на горивата што ќе важат од ноќеска на полноќ, изјави за МИА Марина Узунов, портпарол на РКЕ.


Со последната одлука на РКЕ донесена во понеделникот горивата поевтинија од два до 3,5 денари за литар. Со тоа литар ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 90 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 се продава за 92, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 90 денари, а Екстра лесното масло (ЕЛ-1) за 87,5 денари за литар. вј/сп/

Скопје, 11 август 2022 (МИА)



Видете следно

Конференција за плаќања и пазарна структура на НБ: Отвореното банкарство ќе донесе придобивки за граѓаните и компаниите

Отвореното банкарство е една од значајните реформи и придобивки кои ќе ги овозможи новиот Закон …