Rolls-Royce со рекордна загуба од 4,6 милијарди фунти


Производителот на мотори Rolls-Royce забележува рекордна загуба за годината – 4.6 милијарди фунти, пишува Financial Times. Финансиските резултати се намалиле во сите единици на компанијата, а за најголемата загуба помогнаа и скандалите за корупција, заедно со поевтинувањето на фунтата по референдумот за Brexit, минатото лето.

Сепак компанијата оствари добивка пред оданочување во износ од 813 милиони фунти. Бруто финансискиот резултат е намален за 40% во однос на 2015 година, кога бил 1,4 милијарди фунти.

Минатата година компанијата ја подобрила ефикасноста на својот бизнис со одржување на авионски мотори и направила помалку од очекуваните трошоци за програмата за реструктуирање.

Загубата се должи главно на отпишувањето на средства за 4.4 милијарди фунти минатата година, како и пресудата поради обвинувањата за давање мито и корупција на високо ниво.

Ворен Ист, извршниот директор на групата, очекува компанијата да излезе повторно на добивка во следните две години и ситуацијата целосно да се нормализира.

“Правиме се што ни е на дофат, за да ја вратиме самодовербата и довербата”, коментираше тој и вети дека наскоро ќе има и добри вести.


Видете следно

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк” за 2019 година, за одличен квалитет при …