Breaking News

РТК: Градоначалникот на Лепосавиќ влезе во општинската зграда


– Новоизбраниот градоначалник на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми влезе во својот кабинет во општинската зграда, јави Радио Телевизија Косово.


Известувачката на РТК од Лепосавиќ, јави дека безбедносната ситуација сега е мирна и оти локалните Срби се разотишле. На зградата на општината во Лепосавиќ веќе е поставено и косовското знаме.


Според РТК, косовската полиција ја отстранила и последната барикада во Лепосавиќ. јт/Фото: Твитер скриншот .

Извор: МИА