Рубини: Нова финансиска криза ќе има во САД


Договорот за спречување на “фискалната скала”, што беше договорен помеѓу претседателот на САД Барак Обама и Конгресот, наскоро ќе се соочи со следна финансиска криза. Тоа го предвидува познатиот економист Нури Рубини, цитиран од ИТАР-ТАСС.

“Кризата ќе се појави по два месеци. Доколку до 1 март не биде пронајден нов компромис, тогаш на сила ќе стапи механизмот за намалување на државните трошоци во вредност од 110 милијарди долари. До пролет САД ќе го достигне и таванот на државниот долг, определен од Конгресот “, пишува Рубини во написот објавен денеска од британскиот весник Financial Times.

“Но, тоа ќе биде само почеток”, предупредува економистот. Подоцна во 2013 година претстојат пошироки дебати за среднорочната програма за стабилизација на државниот буџет. Републиканците инсистираат за намалување на државните трошоци, а демократите сакаат да ги задржат на сегашното ниво, без да знаат каде да најдат пари, забележува тој. “Политичкиот свет во САД ќе биде заглавен во промискуитетните дебати”, вели експертот.

Според прогнозите на Рубини износот на стабилизација ќе достигне 1,4% од БДП. Како резултат економијата на САД, која сега предвидува раст од околу 2%, ќе биде загрозена од стагнација, посочува аналитичарот.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …