Руралните жени бараат водоводи, канализациони системи и организиран превоз (видео)


Само пет отсто од жените во руралните средини имаат имот на свое име. Тоа е една од пречките за пристап до фондови и воопшто до економско зајакнување. Ова е една од поентите на конференцијата која се одржа во Свети Николе, каде се пренесоа искуствата на руралните жени од Вардарскиот регион

Не е од сега практиката имотот на семејствата да се препишува на машките наследници. Дури традиција е девојките во семејството со машки наследници да не добијат ништо. Кога се добива имот во брачната заедница, тогаш логично е да биде на името на сопругот. Тоа се стереотипии, кои оставаат економски последици по жените, особено во руралните средини.

Овие го потврдува Сузана Димитриевска, носител на земјоделско стопанство во Овчеполско, која вели дека ова повлекува цел ланец од недоследности, кои водат кон неможноста за економско издигнување. Првиот проблем е немањето на имотен лист.

-Голем дел од жените немаат имот на нивно име и доколку сакаат да почнат свој бизнис ќе мора да подлежат на други околности, како убедување на семејството и сл. , за да можат да започнат со бизнис, што е многу тешко. Поради тоа што немаат свој имот и не се вклучени во донесувањето на одлуките, често пати тие не можат да ги искористат сите поддршки што ги дава државата за нив. Освен тоа, систмеот на поддршка во рурални средини е доста слаба. Така што, многу жени од руралните средини и да сакаат да почнат свој бизнис зависни се од системот, како градинки, немаат време да готват и подлежат на сите тие морални норми, изјави Димитриевска.

Ова во својата анализа го потврдува и Организација на жени од Свети Николе, чии активистки разговарале со 107 жени од 33 села во Вардарскиот регион. Јасмина Трајчева, која го раководи истражувањето, изнесува податок дека во тие 33 месни заедници само четири жени се во раководството, а информациите кои водат кон учество во одлучувањето, жените главно ги дознаваат од машките членови на семејството.

-Есенцијални проблеми се недостаток на водоснабдителни системи, на канализација, нерегулиран јавен превоз… Препораките се да се слушнат руралните жени и да се вклучат во системот на донесување на одлуки и вклучување во општествениот живот, изјави Трајчева.

Преставници на Организацијата на жени веќе оставарите средби со градоначалниците, на кои им ги пренеле потребите и барањата на руралните жени. На градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, му ги предале барањата на жените од Овчеполието.

За целиот текст на ММС


Видете следно

РАКУПЕН – ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА КОЈА Е СПОЈ НА ПРОДАВАЧИТЕ И КУПУВАЧИТЕ

Се на едно место – Ракупен.мк Купувањето онлајн и дигитализацијата одамна се реалност во светот. …