Русија губи 3 трилиони рубљи при 50 $ за барел


Рускиот буџет за оваа година ќе изгуби 45,6 милијарди долари приходи, ако просечните цени на нафтата бидат околу 50 $ за барел.

Тоа го изјави денеска рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

На прес-конференцијата Силуанов рече дека неговото министерство ќе предложи на парламентот на земјата да одобрува намалување за 10% на сите буџетски трошоци, со исклучок на оние области кои се поврзани со одбраната. Тој додаде дека вкупните трошоци за 2015-та година, може да натрупаат само 5%, наместо 11,7% според претходните буџетски проценки.

Силуанов рече дека резервниот фонд, чија цел е да ги покрива буџетските дупки, ќе биде зголемен со 370 милијарди рубљи. Тој смета дека Русија може да користи дел од својот резервен фонд.

“Верувам дека ако ние реализираме дел од девизните резерви во Фондот, инвестирајќи ги на пазарот, можеме да доведеме добри пари за буџетот”, посочи Силуанов.

 


Видете следно

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3.6 %

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) …