Русија може да издржи 4 години на западните санкции


Германската разузнавачка служба (BND) пресмета дека Русија може да издржи на западните санкции неколку години, јави „Дојче веле”. Според службата паричните резерви на Русија во моментов се 619 милијарди долари, што претставува 162% од државните расходи за оваа година. Тоа значи дека само со овие средства Русија би можела да издржи во текот на 20 месеци.

BND исто така смета дека благодарение на нискиот државен долг (13%) и големите парични резерви Русија може да одолее на последиците од санкциите без видливи штети за економијата во текот на 4 години.

Малку порано агенцијата РИА Новости соопшти дека Русија воведува привремени ограничувања за увоз на месни и птичји масти и пилешко месо од говеда и свињи од Европската унија.

Од 21 октомври се донесоа привремени ограничувања за увоз во Русија од земјите од Европската унија на голем број видови продукција користејќи се за прехранбените цели. Станува збор за пилешко месо, месо од говеда и свињи, масти од говеда, свински масти и птичји масти, се наведува во соопштението на руската служба за исхрана.


Видете следно

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки, …