„Русија веќе не е стратешки партнер на Европа”


Русија веќе не е стратешки партнер на Европа. Тоа го изјави министерот за надворешни работи на Италија Федерико Могерини, кој во саботата беше избран да ја предводи европската дипломатија.

„На основа на оваа идеја се гради нашето партнерство со Москва, но денес по волјата на Путин ова партнерство не постои. Во моментов Русија веќе не е стратешки партнер, но продолжува да има стратешко значење за нашиот континент”, рече италијанскиот министер за надворешни работи, Могерини, пренесува изданиеот економик.

„Кремљ дејствува против интересите на својот народ … Во интерес на Украина, на Европа и на Русија е, кризата да има политичко, а не воено решение кое едноставно не постои”, додаде таа.

„Имам намера да учествувам на сите состаноци на Комисијата, каде што ќе следам прашањата одблизу.”

Новиот висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика ќе стапи на должност на 1 ноември.


Видете следно

Свечено отворен 57-миот Мавровски Меморијал

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, вчера во Маврово го отвори 57-то издание …