Русија забрани увоз на земјоделски производи од САД и ЕУ


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се забранува увозот на земјоделски и прехранбени производи од земјите, кои имаат воведено санкции против Руската федерација поради кризата во Украина, пренесе РИА Новости.

ЕУ, САД, Канада и Јапонија применија низа мерки против руски компании, банки и политичари откако ги замрзнаа банкарските сметки, забранија пристап преку државните граници, како и увозот на руски стоки. Од месец март наваму ЕУ има напишано вкупно 9 санкции, а 2 од нив се против поранешниот украински лидер и 7 против Русија. САД имаат воведено 6 мерки против Русија.

Според Алексеј Алексенко од руската служба, која одговара за земјоделската и ветеринарна контрола, забраната важи за сите земјоделски производи од САД, како и за сите овоштија и зеленчук произведени во ЕУ.

Декретот на претседателот Путин е со рок од една година. Меѓу засегнатите страни се уште Австралија, Швајцарија, Норвешка и Канада.



Видете следно

ЏАФЕРИ: Собранието ги исполни сите реформски приоритети, сега е ред на ЕУ да постапи по заслуга

  Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со европратениците …