Русите бегаат од рубљата, купуваат евра и јени


Од февруари доминантната тема е конфликтот меѓу Украина и Русија, кој доведе до одвојување на Крим од Русија. Во главното сценарио на Рајфајзен рисрч не се очекуваат руски територијални претензии во источна Украина и ескалација со воени средства или тешко економско ембарго меѓу ЕУ, САД и Русија.

Но, сепак, само зголемените тензии и лоши односи меѓу Москва и Киев се доволни за да ги направат негативните последици за двете економии и нивните финансиски пазари уште полоши. На пример, неодамна аналитичарите на Рајфајзен рисрч дадоа прогноза за БДП за 2014 година на Русија од 1,7 % на 1 %, при што ја намалија и прогнозата за 2015 год.

Московската берза ќе биде изложена на малку повисоки ризици во наредниот квартал, поради геополитичките тензии.
Геополитичките тензии веќе доведоа до значителни одлив на капитал од двете страни вклучени во кризата.

Руската централна банка реагираше на брзата стапка на девалвација на рубљата од есента 2013 година со скромна интервенција на девизниот пазар и постепено проширување на валутната кошница ( 55% USD/45 % EUR) и едно значително зголемување на основната каматна стапка. За разлика од тоа Украинската централна банка мораше да преземе рестриктивни административни мерки, за да ја задржи контролата врз девалвација на UAH, и покрај своите интервенции.

“Сметаме дека рубљата ќе остане слаба (околу 37.2 спрема USD ) до јуни. Паритетот на UAH / USD треба да се воспостави меѓу 10,5 и 11,5 во среден рок. Ние исто така предвидуваме слабо обновување на PLN и CZK до крајот на годината “, е мислењето на аналитичарите од Рајфајзен рисрч за ефектот на овие геополитички тензии врз монетарната политика и девизниот курс.


Видете следно

Димковски и Бабовски во Кавадарци: Продолжуваме да инвестираме во развој на општините и поттикнување на регионалниот развој

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот за Агенцијата за …