Руските банки губат $ 25 милијарди поради кризата во Украина


Скоро една година по избувнувањето на протестите на Мајда во Киев руските банки забележаа потенцијални загуби во подоцнежната криза во износ од 25 милијарди долари. Оваа сума била откриена на затворената седница кај премиерот Дмитриј Медведев во понеделникот, тврди Деловното издание РБК.

Ако оваа сума ја одразува реалноста, загубите од украинските подружници може да го намалат капиталот на банките и да им создаде проблеми со покривањето на правилата во Русија.

На седницата кај премиерот беа присутни уште првиот вицепремиер Игор Шувалов, министерот за финансии Антон Силуанов и министерот за економија Алексеј Улокаев, како и раководителите и претставниците на петте големи државни банки.

На седницата не станало збор за некаква државна помош во оваа ситуација. Големите банки како Сбербанк и ВТБ сепак може да имаат потреба од таква, бидејќи би требало да имаат барем 10% сопствени средства во однос задоволениот капитал, а до 1 октомври имаат соодветно 12.24% и 10.57%.


Видете следно

Радовишкото обвинителство обвини 11 лица за непостапување по здравствените прописи

Обвинетите 11 лица, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на …