S & P: Еврозоната има уште многу работа


Земјите-членки на Еврозоната имаат уште многу работа за намалување на износот на долгот, како и за стимулирање на економскиот раст и е малку веројатно нивните кредитни рејтинзи да бидат покачени. Тоа го изјави Мориц Крамер, шеф на одделот за суверени рејтинзи на S & P за Европа, Блискиот Исток и Африка, пред агенцијата Ројтерс.

За земјите во Европа се поставува „мирен период” во однос на кредитните рејтинзи. Голем дел од „домашното” сеуште не е напишано. Високите нивоа на задолженост во комбинација со ниска инфлација носат ризици за економскиот раст во еврозоната, објаснува уште Крамер.

Тој истакна дека меѓу земјите кои дале исклучителни напори за намалување на државниот долг, се Ирска и Шпанија и тоа е наведено во нивните кредитни рејтинзи. S & P го зголеми за еден степен рејтингот на двете држави – Ирска (А-) поради најдобри економски перспективи пред земјата и Шпанија (БББ) поради слични причини.

Во однос на Кипар и Грција, кои наскоро се вратија на должничкиот пазар, Крамер објасни дека и двете земји се далеку од ситуацијата да се самодоволни во економски поглед, како и да се самофинансираат. Тоа е причината поради која двете земји најверојатно нема да добијат промена во кредитниот рејтинг во скоро време.

 


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …