SABRE Awards EMEA 2019: Агенцијата Грејлинг ја основи наградата за Public Affairs Consultancy of the Year


Агенцијата Грејлинг е прогласена за побeдник во категоријата Public Affairs Consultancy of the Year на гала настанот  SABRE Awards EMEA 2019, што се одржа во Лондон. Партнер на Грејлинг на македонскиот пазар е агенцијата за односи со јавност Елемент ПР, одговорна за комуникациски услуги во Македонија, Косово и Албанија. Ова партнерство постои и постојано се надградува веќе 8 години.

 На меѓународната мрежа со 31 канцеларија во 22 европски земји и е оддадено признание за раст на подрачјето на Односи со јавност ширум Европа и за успех во спроведувањето на мулти-маркет активности за големи меѓународни клиенти. Според жирито предводено од Пол Холмс од платформата Holmes Report, „Грејлинг е една од ретките компании кои можат да обединат посветени експерти од подрачјето на Односи со јавност од секоја земја, за да пружат свое видување на состојбата и услугите. Исто така, Грејлинг успеа да се етаблира како предводник во стратешко размислување во однос на Брегзит, посочувајќи ги ризиците врзани за ланците на набавки на компаниите и нудејќи податоци и анализи на клучните одбори во Обединетото Кралство“.

Односите со јавност е само еден од столбовите на работењето на Грејлинг (агенцијата исто така се занимава и со корпоративна комуникација), меѓутоа, токму на ова подрачје во 2018 година таа направи најсилен исчекор со раст од 15%. Растот е поттикнат од низа нови проекти со клиенти како, Molson Coors, BetStars, Bristol-Myers Squibb, Danone, Environmental Defense Fund i Herbalife Nutrition.

Расел Патен, извршен директор на Грејлинг Брисел и претседател на Европски односи со јавност изјави: „Ова е престижна награда и тимовите на Грејлинг ширум континентална Европа многу се горди на ова достигнување. Бидејќи политичките и регулаторните околности стануваат се попредизвикувачки за многу компании, расте побарувачката за советување на подрачјето на Односи со јавност. Од перспективата на Брисел, најголем фокус беше насочен кон несигурноста предизвикана од Брегзит, меѓутоа, се очекува дека ЕУ изборите уште повеќе ќе го протресат изгледот на политичката сцена на ЕУ“.

Јан Симунек, извршен директор на Грејлинг за континентална Европа додаде: „Односите со јавност се стратешки приоритет за агенцијата Грејлинг во Европа веќе неколку години. Развивме разновидна понуда за клиентите која ја темелевме на знаењето и искуството на повеќе од сто извонредни консултанти во делот на Односи со јавност во целиот регион – од Мадрид до Москва“.

Кампањата за стратешко советување за уметноста и брендовите исто така наградена

Грејлинг Русија исто така доби награда 2019 IN2SABRE Award EMEA CERTIFICATE OF EXCELLENCE во категоријата PR Agency Marketing. За да се нагласат клучните фактори за успешна соработка меѓу корпоративните и културните институции, Грејлинг објави два исцрпни извештаи: „Музеи на раскрсница: улога на корпоративните партнерства“(2019) и „Бренодови и уметност:Да се направат функционални креативните партнерства“ (2017). Авторот на двата извештаи, Анастасија Елаева од Грејлин Москва, редовно добива покани за одржување предавања на темата за  креативни партнерства, како оние на Британската висока школа за уметност и дизајн во Москва и на следната меѓународна конференција “Културни институции и собирање средства“ која ќе се одржи идниот месец во Виена.

Листата на проекти и кампањи кои влегоа во потесен избор за 2019 EMEA SABRE Awards вклучува супериорни достигнувања на подрачјето на брендинг, управување со корпоративниот углед и односи со јавност. Кампањите ги оценува жири составен од лидери во индустријата, а домаќинот на доделувањето е водечката платформа за вести од ПР индустријата, Holmes Report. 


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …