САД формираат алијанса за борба против кинеската „економска принуда”


Белата куќа планира да наметне мерки против Кина, вклучително и создавање сојуз на западни нации за координирање на акциите за спротивставување на „грубата економска принуда на Пекинг”, изјавија неименувани сегашни претставници на американската администрација за „Волстрит журнал”.

Земјите ќе обезбедат трговска помош на која било членка погодена од Кина, особено ако Пекинг забрани или воведе тарифи за странски производи, како што тоа го стори со австралискиот увоз на почетокот на годината.

Покрај тоа, Вашингтон ја разгледува можноста за забрана за увоз од кинескиот регион Синџијанг, повикувајќи се на наводни кршења на човековите права поврзани со присилна работа, и ставајќи ја на црната листа технолошката компанија со седиште во Кина, Semiconductor Manufacturing International Corp. (SMIC) и други компании. ссм/зш

Вашингтон, 23 ноември 2020 (МИА)


Видете следно

САД воведоа санкции за уште неколку големи кинески компании

Во четвртокот, администрацијата на Трамп им зададе нов удар на кинеските и најголемите кинески компании, …