САД ќе го забранува ТикТок


Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во интервју за „Фокс њуз” изјави дека оваа земја размислува за забрана на кинеските социјални мрежи, вклучувајќи го и „ТикТок”.

Американските законодавци изразија загриженост во врска со националната безбедност на земјата во врска со употребата на Tик Ток и политиката за заштита на податоците на корисниците на таа социјална мрежа.

Тие стравуваат дека кинеските закони може да бараат од домашните компании да соработуваат со разузнавачките служби контролирани од кинеската Комунистичка партија.

Коментарот на Помпео следеше по ескалацијата на тензиите меѓу Кина и САД, како резултат на реакцијата на пандемијата на коронавирусот, кинеските потези во Хонг Конг, како и трговската војна што траеше скоро две години.

Вашингтон, 7 јули (МИА)


Видете следно

ФИТР ќе презентира резултати од Јавниот повик за финансиски средства преку иновациски ваучери

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе презентира резултати од Јавниот повик за …