Фото

САД нудат по 10 милиони долари за двајца лидери на ФАРК


САД понудиле награда од по 10 милиони долари за информации кои ќе овозможат апсење на двајца поранешни лидери на колумбиската бунтовничка група ФАРК.

Саухис Хернандес и Лусијано Марин, познати по своите герилски прекари Хесус Сантрич и Иван Маркес, првично ги поддржале мировните преговори во 2016 година меѓу колумбиската влада и ФАРК, но подоцна го отфрлиле договорот.

Двајцата „имаат долгогодишно минато со вмешаност во шверцот со дрога, што доведе до покренување кривични пријави против нив”, соопшти Стејт департментот.

Богота, 18 јуни 2020 (МИА)


Видете следно

Бразил издвојува 356 милиони долари за вакцина против коронавирусот

Бразилија, 7 август 2020 (МИА) – Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро издаде декрет кој предвидува да се издвојат …