САД се за создавање две држави како решение на израелско-палестинскиот конфликт


За време на телефонскиот разговор меѓу државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Израел, Габи Ашкенази, Блинкен изјави дека решението на израелско-палестинскиот конфликт врз основа на две држави би било најповолното за иднината на Израел, синоќа соопшти американскиот Стејт департмент

Во текот на разговорот, Блинкен ја „истакна увереноста на администрацијата на Бајден дека решението за создавање две држави е најдобриот начин да се обезбеди иднина за Израел како еврејска и демократска земја, која живее во мир покрај активна и демократска палестинска држава, истакнаа од Стејт департментот. кб/ сд/

Вашингтон, 22 фавруари 2021 (МИА)


Видете следно

Можно е продолжување на вонредната состојба во Токио

Јапонскикот премиер Јошихиде Суга денеска изјави дека Владата разгледува двонеделно продолжување на вонредната состојба на …