САДУ: Јавната администрација во моментов нема капацитет да ги опслужи граѓаните како нивен сервис


Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) остро реагира на изјавата на Владите за пакетите за заминување на административците кои треба да заминат во приватниот сектор.

Јавно ја повикуваме Владата да се откаже од нивната идеја од причина што јавната администрација е клекната на колена со изгубен капацитет на стручните службеници.

Особено во последните две години и подолг временски период се случува бел штрајк (откази, напуштање на стручниот кадар, долги боледувања, неплатени одмори) само поради притисоци и нестручност на раководните кадри.

Јавната администрација во моментов нема капацитет да ги опслужи граѓаните како нивен сервис, а уште помалку за реформи за членство во ЕУ. Уште еднаш ги повикуваме на разум во спротивно ќе им порачаме дека ќе се спротивставиме со пакет за заминување на Владата.


Видете следно

Димковски во Република Словенија: Воведувањето на нови технологии и ефикасни советодавни услуги за земјоделците е клучно за модерно и конкурентно земјоделство 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, од денеска во следните два дена е …