Сакате да станете милијардери? Направете едно од овие 7 нешта


Сакате да сте милијардер? Обидете се да ги прочитате 7те совети на Пол Греам, кој е основач на Y-Combinator. Y-Combinator е компанија која им помага на младите претприемачи да создадат успешни бизниси.

Греам вели дека ако вашата компанија постигне едно од следниве 7 нешта, тогаш сигурно ќе станете милијардери. Тој предупредува дека тие се прилично амбициозни, но е уверен дека се достапни – сепак некој ќе ги постигне, зошто тоа да не сте вие?

1. Направете подобар пребарувач

“Google некогаш беше одличен пребарувач. Денес е преоптоварен со какви ли не дополнителни карактеристики. Ако без да сакаме кликнуваме некаде, еден Господ знае какви работи ќе почнат да ми излегуваат “, вели Греам.

2. Направете подобар е-маил

Имаме потреба од нов протокол за е-пошта, вели Греам. Тој треба да дава на примателот повеќе отколку сега.

3. Поместување на универзитетите

Според Греам универзитетите се застарена форма на обука. “Сигурно треба да има некаква подобра форма – Измислете ја”, вели тој.

4. Испорачуваме подобро телевизија онлајн.

Не е се квалитетно што се емитува на интернет. Испорачајте го она што луѓето сакаат да гледаат, онлајн.

5. Станете следниот Стив Џобс

Според Греам Apple немаше да биде ништо, ако не беше Џобс. Денес, во секторот на хардверски компании се бара нова фигура на иноватор-идол.

6. Препишете ги законите на Мур.

Тоа е малку потешко. Греам вели дека Intel не може да направи побрзи процесори, туку само повеќе процесори. “Би било прекрасно, ако една нова компанија успее на направи нешто во стилот на Законот на Мур, со тоа што ќе подговтви софтвер кој ќе направи така што многу процесори ќе изгледаат како еден голем побрз процесор.”

7. Подобрете ја медицинската дијагностика.

Греам е убеден дека по 50-100 години луѓето ќе ги сметаат денешните методи на дијагностицирање на сериозни болести “варварски”. Мора да постои подобар начин да се разбере кога и дали еден човек има рак и дали артериите му се затнати.


Видете следно

Започнува Skopje on Ice 2019 – Два дена уметност на мраз

Денеска и утре во Скопје ќе се одржи Третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко …