Само 9% од Европејците купуваат онлајн од друга држава во ЕУ?!


Само 9% од Европејците купуваат онлајн во друга земја од заедницата на Европскиот сојуз, покажуваат истражувањата на Европската комисија. Главната загриженост била, дека нарачаната стока нема да пристигне.

Освен тоа, доколку во иднина настане оштетување, корисниците стравуваат дека нема да можат да ги вратат истите оштетени производи.

Не само потрошувачите, но и речиси 60% од трговците наведуваат дека проблемите со снабдувањето го попречуваат развојот на електронската трговија во ЕУ, дополнуваат од комисијата.

Што е иднината на денешните продавници?

За да се надминат слабостите на системот и да се даде поттик на електронската трговија во ЕУ, Комисијата започна јавна консултација за создавање на интегриран пазар за испорака на пакети.

Секој заинтересиран може да го испрати своето мислење и препорака за подобрување на состојбата на пазарот. Крајниот рок е 15 февруари 2013 година.


Видете следно

Започна со работа консултативната група за реформи во системот за предучилишно згрижување и воспитание на децата

Консултативната работна група, формирана да го надгледува процесот и да дава предлози за подобрување на …