Samsung Galaxy Note10+ 5G оценет како телефон со најдобри камери


Новиот Galaxy Note10+ 5G, за прв пат претставен на минатонеделниот Unpacked настан во Њу Јорк, има најдобра предна и задна камера, како и најдобри резултати од снимање на видеа, според DxOMark, познат сајт кој е специјализиран за рецензија на камери. За време на тестирањето уредот го освои првото место со својата задна камера со севкупниот резултат од 113 поени, додека ја задржа и шампионската позиција на DxOMark Selfie скалата со предната/селфи камера и освоени 99 поени.

Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ ги користат најсовремените алатки за да се направат неверојани видео снимки и фотографии со врвен квалитет, без потреба од додатна опрема. Телефоните имаат Live focus видео и Zoom-In микрофон со цел подобрување на визуелните и звучните содржини на видеата, додека новиот Super steady систем ги стабилизира снимките.

Корисниците на Galaxy Note10 можат да ги средуваат своите слики и снимки додека се во движење, без потреба на поврзување со компјутер, а благодарејќи му на S Pen тие можат да го изберат точниот момент кој што сакаат да го исечат. Додатните бенефити вклучуваат Снимање на екран, AR Doodle, 3D скенер и ноќен мод за работа на предната камера.

DxOMark е специјализиран сајт кој работи на проценка на квалитетот и оценување на камери, леќи на камери, како и квалитетот на фотографиите на смартфоните. Уредите поминуваат низ ригорозни тестови, а конечната проценка ја дава тим на инженери кои го тестираат квалитетот на фотографиите и видеата со надеж дека на корисниците ќе им претстават сигурен извештај за перформансите на камерите на смартфоните.

 


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …