Samsung го доближува Galaxy до повеќе луѓе: Претставување на Galaxy S10 Lite и Note10 Lite


Поголем пристап до премиум иновациите на Galaxy како најновите карактеристики на камерата, S Pen и останатите клучни алатки за себеизразување и продуктивност

Samsung Electronics Co. Ltd, денеска ги најавија новитe Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite. Потекнувајќи од Galaxy S и Note сериите, Galaxy Lite уредите носат клучни премиум карактеристики како што се најновата  технологија на камерата, препознатливиот S pen, широко-гледниот екран и долготрајната батерија на едно сосема друго ниво.

„Веќе 10 години Galaxy S and Galaxy Note уредите се успешни насекаде низ светот. Овие уреди го претставуваат нашиот постојан труд да донесеме иновации, водечки во својата индустрија, од карактеристики и моќ до интелигенција и услуги“, изјави DJ Koh, Претседател и CEO на IT & Mobile Communications Division, Samsung Electronics. „Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite ќе ги претстават клучните премиум карактеристики кои го креираат Galaxy S и Galaxy Note искуството.“

Galaxy S10 Lite: Врвна Pro-Grade камера за совршени фотографии и глатко видео

Galaxy Lite уредите нудат пакет со карактеристики и способности за камера, кој што се потпира на врвните Samsung технологии за камери и ги доближува до поширок спектар на достапни уреди.

Издигни ја својата фотографија на повисоко ниво на било која авантура со Galaxy S10 Lite, што содржи главна камера и Ultra Wide и Macro камери заедно со новиот Super Steady OIS. Кога ќе се спои со Super Steady mode, Super Steady OIS овозможува повисока стабилност на фокусот на фотографиите и видеата во движење, дозволувајќи ви да го споделувате вашиот свет, вашето искуство, без никаков компромис.

Ultra Wide камерата има агол на леќа од 123 степени, давајќи ви поглед широк колку човечко око, додека предните и задните камери со висока резолуција ви дозволуваат да го доловите секој можен детал во кристално чист фокус.

Galaxy Note10 Lite: Подобрена продуктивност, било каде и било кога

Уживај во премиум Note искуството и зголеми ја твојата продуктивност со Galaxy Note10 Lite и со уникатниот S Pen. Bluetooth Low-Energy (BLE) поддршката значи дека можете да управувате со презентација, да ја менаџирате видео содржината или да фотографирате, само со еден едноставен клик на S Pen. Air Command исто така ќе ви даде пристап до карактеристиките на S Pen брзо и лесно. Samsung Notes апликацијата го прави фаќањето белешки побрзо и полесно додека сте во движење. И сега, можете да ги претворите напишаните белешки во текст за лесно уредување и споделување.

 

Galaxy Премиум карактеристики:

Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite ќе им овозможат на повеќе луѓе пристап до сите премиум Galaxy предности:

  • Непрекинат визуелен екран: Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite нудат edge-to-edge Infinity-O екрани. Со екран со големина од 6,7 инчи, се овозможува експанзивно и тродимензионално искуство, дозволувајќи ви целосно да уживате и да се изгубите во омилените мултимедијални содржини.
  • Поголема и долготрајна батерија: Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite содржат голема 4,500mAh батерија и супер брзополнечки способности, за да можете полесно да останете поврзани и да поминете повеќе време правејќи го тоа што го сакате.
  • Услуги и Безбедност: Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite го имаат екосистемот на Samsung од паметни апликации и услуги, вклучувајќи ги Bixby, Samsung Pay and Samsung Health. Како што можете да очекувате, овие Galaxy уреди се исто така заштитени со defense-grade безбедносната платформа, Samsung Knox.

Galaxy S10 Lite е достапен во Prism White, Prism Black and Prism Blue, додека Galaxy Note10 Lite е  достапен во Aura Glow, Aura Black и Aura Red. Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite ќе бидат презентирани на CES 2020, што ќе се одржи од 7-10 јануари, 2020 година, во ‘Samsung booths’ (#15006), во Las Vegas Convention Center. За повеќе информации за најновите уреди на Galaxy, ве молиме посетете ги веб страниците https://news.samsung.com/galaxy, http://www.samsungmobilepress.com, www.samsung.com.

 

Galaxy S10 Lite и GalaxyNote10 Lite спецификации[1]

  Galaxy S10 Lite Galaxy Note10 Lite
Екран 6.7-inch Full HD+

Super AMOLED Plus Infinity-O екран,

2400×1080 (394ppi)

6.7-inch Full HD+

Super AMOLED Infinity-O екран,

2400×1080 (394ppi)

* Super AMOLED Plus екранот креира ергономичен дизајн со тенок и лесен дисплеј-панел со присвојување на флексибилната OLED technology.

* Екранот е мерен дијагонално како целосен правоаголник без да се земат во предвид заоблените агли; вистинската видлива област е помала поради заоблените агли и самото дупче на камерата.

Камера Задна: Тројна камера

– Макро: 5MP F2.4

– Широко-аголна: 48MP Super Steady OIS AF F2.0

– Ултра широка: 12MP F2.2

 

Предна: 32MP F2.2

Задна: Тројна камера

– Ултра широка: 12MP F2.2

– Широко-аголна: 12MP Dual Pixel AF F1.7 OIS

– Телефотографија: 12MP F2.4 OIS

 

Предна: 32MP F2.2

Тело 75.6 x 162.5 x 8.1mm, 186g 76.1 x 163.7 x 8.7mm, 198g
АП 7nm 64-bit Octa-core процесор (Max. 2.8 GHz + 2.4 GHz + 1.7 GHz) 10nm 64-bit Octa-core процесор (Quad 2.7GHz + Quad 1.7GHz)
Меморија 6/8GB RAM со 128GB внатрешна меморија 6/8GB RAM со 128GB внатрешна меморија
*Може да се разликува зависно од моделот, бојата, пазарот и мобилниот оператор.

 

* Корисничката меморија е помала од целосната поради големината на оперативниот систем и софтвер кои се користат за употреба на опциите на уредот. Корисничката меморија може да варира зависно од операторот и може да се промени по надоградба на софтверот.

[1] Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за производи, дадени во овој документ, вклучително, но не ограничувајќи се на, придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производот подлежат на промена без најава.



Видете следно

ФИТР препознаен како успешен модел – поднесена иницијатива да се преслика на регионално ниво

Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ е препознаен како успешен пример во студијата …