Samsung го лансираше првиот смартфон во светот со закривен екран


Јужнокорејската технолошка корпорација Samsung Electronics во средата го лансираше првиот во свет smartphone со закривен дисплеј.

Уредот што е варијанта на Galaxy Note се приближува до азискиот гигант еден чекор поблиску до реализацијата на соодветни уреди со флексибилни и нераскинливи екрани, пренесе Reuters.

Извитканиот дисплеј е на линијата на фронтот во иновативната војна на Samsung со конкурентите како Apple и LG Electronics. “Тоа е чекор напред кон производството на нераскинливи гаџети и флексибилни уреди. Но, засега новиот телефон е повеќе симболичен производ”, вели Хана Даето.

Galaxy Round е со 5.7 -инчен (14,4 см) дисплеј кој е со блага хоризонтална изививка и тежи помалку од Galaxy Note 3.

Првично телефонот ќе биде пуштен само на пазарот во Јужна Кореја. Засега не е јасно дали ќе биде продаден надвор од земјата.

Цената на Galaxy Round е 1000 американски долари.


Видете следно

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Кавадарци и Радовиш

За да биде уште поблиску до своите клиенти и директно да им обезбеди одговор и …