Samsung го претставува Odyssey G7 гејминг монитор со најзакривениот екран досега и со најдобри перформанси во класата


Предводникот на светскиот пазар на гејминг монитори , компанијата Samsung Electronics Co., Ltd., на глобално ниво го претстави иновативниот Odyssey G7 гејминг монитор. Овој уред првпат беше откриен на CES 2020 во Лас Вегас и претставува автентичен чекор напред во областа на полето на гејмингот, комбинирајќи го најзакривениот екран досега со најдобрите перформанси во класата.

Odyssey G7 е првиот 1000R монитор во светот, што значи дека има радиус на искривување од 1000 милиметри. Доаѓа со комбинација на моќни перформанси, како што е одзив од 1ms, стапка на освежување на екранот од 240Hz и кристално чиста QLED слика, која ќе им овозможи на гејмерите незаборавно искуство.

Перформансите на овие монитори е потврдена од TÜV Rheinland, водечката светска организација за сертификација на уреди, која ги препозна како најдобрите 1000R закривени гејминг монитори во индустријата, доделувајќи им ги сертификатот Eye Comfort, за гејминг искуство кое е „најзадоволително за човечкото око“.
„Како глобален лидер на пазарот за гејминг монитори, Samsung продолжува да претставува иновативни уреди кои обезбедуваат гејминг искуство за новите генерации, поместувајќи ги границите на возможното“, изјави Hyesung Ha, виш потпретседател на одделението за визуелните дисплеи во компанијата Samsung Electronics. „Odyssey G7 е врвна комбинација на комфор, проширена перспектива, врвни перформанси и пријатно визуелно искуство.“

Моделите од 27 и 32-инчи ги карактеризира Wide Quad-High Definition резолуција (WQHD; 2.560 х 1.440), сооднос на слика 16:9, светлина на екранот од 600 cd/m2 и Quantum dot технологија за исклучително прецизен приказ на боите, без оглед на осветлувањето.

Samsung на овој модел примени футуристички дизајн заснован на темелно истражување на пазарот и коментарите на корисниците. Мат-црниот надворешен дел на куќиштето е поврзан со задниот дел во кој се вградени светла и чија боја може да се промени според желбите на играчот.
G7 поддржува NVIDIA G-SYNC®, како и Adaptive Sync технологии за прикажување, кои се задолжени да им овозможат на играчите исклучително динамично и непречено искуство во текот на играта.


Видете следно

Отворен прв кафе бар во Скопје каде се служи на знаковен јазик

„О2 MR Coffee Bar” е првиот кафе бар во Скопје во кој кафињата и пијалоците …