Samsung го зазеде пазарот за smartphone во Европа, Apple продолжува да води во САД


Речиси половина од сите Smartphones, продадени во најголемите европски градови во последниве месеци, се со брендот Samsung, соопшти Financial Times. Растот во продажбата на компанијата, сепак е само во Европа, додека нивните конкуренти од Apple продолжуваат да држат водечки позиции во САД со различни модели ајфон.

Во март, април и мај, 70% од продадените телефони на петте најголеми европски пазари биле на Samsung. Година порано тој процент бил 61%.

Според експерти во областа на технологијата сега Samsung треба да се фокусира на тоа да ги задржи клиентите, бидејќи потрошувачката лојалност кон компанијата не е на највисоко ниво.

На европските пазари телефоните на Windоws заземаат 7% од продажбата во март, април и мај годинава, што е зголемување за 3,7 отсто на годишна основа. Доста помало е зголемувањето во САД – само 0,9% на годишна основа.

Најлоши се резултатите на BlackBerry. Продажбата на паметни телефони на компанијата во Европа опадна од 7 на 2,5% за година, а нивното учество на пазарите во САД е под 1 отсто.

Во исто време компаративен успех изјасниле телефоните на Sony, особено во Велика Британија. Според експертите 38% од луѓето кои се решаваат Sony, се поранешни клиенти на Samsung.


Видете следно

После пет години се одржа Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Денеска во Охрид Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и …