Samsung гради фабрика во Виетнам за 3 милијарди долари


Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung Electronics соопшти дека ќе инвестира 3 милијарди долари во изградбата на својата фабрика во Виетнем, пишува BBC. Ова ќе биде втората фабрика на производителот на смартфоните и таблетите Galaxy. Првата производна моќ чинеше 2 милијарди долари и проработи во март оваа година, откако во неа работат над 16 илјади лица.

BBC исто така забележува дека во последните години Intel, LG, Panasonic и Microsoft постепено го шират присуството во азиската држава.

Економистите посочуваат дека ниските даноци и релативно ниската цена на работната рака во Кина привлекуваат повеќе капитал.

Според податоците на националната статистика на Виетнам за првите 10 месеци од годината земјата има реализирано извоз за 19,2 милијарди долари на телефоните и додатоците за нив, што е за 8% повеќе од минатогодишниот резултат за периодот.

Според аналитичарите на познатата консултантска компанија во областа на технологијата IHS Кина почнува да станува жртва на сопствениот успех, бидејќи зголемената економија на најголемата држава (растечките нивоа на платите и на даночниот товар) стануваат пречка за развој на големи производствени погони.

Code Embed: No embed code was found for CODE2


Видете следно

Шахпаска: Пензиите ќе се исплаќаат редовно, во јануари ќе бидат зголемени

Пензиите ќе се исплаќаат редовно, а во јануари пензионерите ќе го добијат и законското усогласување, …