Samsung инвестира $ 300 милиони во нов развоен центар


Samsung планира да отвори нов развоен центар во силиконската долина до летото 2015, a за целта на компанијата ќе се инвестираат 300 милиони долари. Од Business Insider известуваат дека веќе се вработуваат луѓе за новиот R & D / Research and Development / центар.

За изданието Боб Бренан, виш потпретседател на Memory System Application Lab во Samsung, објаснува дека инвестициите во „долината“ ја враќаат додадената вредност за бизнисот.

Силиконската долина е местото каде што најдобро се чувствува она што Бренан го нарекува „технолошкиот пулс”. Според него блискоста меѓу стартапите и сите големи клиенти ја претворила силиконската долина во совршено место за нивниот R & D центар.


Видете следно

Каракачанов: не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти

Бугарската власт и цар биле сојузници на Германија и Хитлер, но тоа не значи дека …