Samsung објави партнерство со Bayern Munich


Samsung Electronics го претстави своето ново партнерство со фудбалскиот клуб Bayern Munich / Баерн Минхен /, кој ја користи мобилната апликација ChatON, за да им обезбеди на спортските фанови ново доживување со нивниот омилен спорт.

Партнерството меѓу ChatON на Samsung и FC Bayern ќе биде прва можност за корисниците да се поврзат едни со други и заедно да се потопат во светот на фудбалот. Тие ќе имаат пристап до повеќе функции и ексклузивни понуди и попусти.

Ли Ептинг, потпретседател на Samsung Media Solution Centre за Европа, рече : ” Ние сме среќни да бидеме партнери на Баерн Минхен и да го поддржуваме доживувањето на навивачите. Ова е важно партнерство за Samsung, бидејќи се базира на амбициите да обезбедиме пристап до спортски содржини за нашите корисници.”

Од оваа недела корисниците на апликацијата ќе имаат можност да ги испратат своите прашања до фудбалската легенда Марио Гетце, фудбалер на Баерн Минхен на неговата адреса mario-chaton@fcbayern.de.


Видете следно

Пет години стратешко партнерство на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис Интернешнал

Eфикасностa на Тутунски комбинат Прилеп е резултатот од петгодишното стратешко партнерство остварено со Филип Морис …