Санкционирани 346 возачи во Скопје, 150 за пречекорена брзина, 28 мотоциклисти


Скопје, 21 септември 2020 (МИА) – На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 346 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола на 17 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење 150 прекршоци, за нерегистрирани возила 24. Санкционирани се 28 мотоциклисти, а одземени се три мотори, изречени се 54 мерки за непрописно паркирани возила, а 29 возила се подигнати со пајак. Изречени се и 48 санкции за неносење заштитна маска, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението.


Видете следно

„Пејпал” воведува услуга за плаќање со криптовалути

Американската компанија за дигитално плаќање PayPal Holdings соопшти денеска дека на клиентите ќе им понуди …