“Сапунот “Фамилијарно Пакување” од ФЕДОР е првиот продукт од козметиката во Македонија со натпис со Брајова азбука за помош на луѓето со оштетен вид


“Сапунот “Фамилијарно Пакување” од ФЕДОР е првиот продукт од козметиката во Македонија со натпис со Брајлова азбука за помош на луѓето со оштетен вид. ФЕДОР е фирма за природна козметика, мала, но сепак голема компанија која прва во Македонија во Април годинава почнаа со производство на сапуни испечатени и со Брајлова азбука за слепите лица. Се надеваме дека овој пример ќе го следат и другите домашни компании и со тоа ќе направат огромен придонес во секојдневието на слепите лица во Република Македонија”, вели Николина Трајковска – Национален Сојуз на слепите на Република Македонија:

ФЕДОР во Јануари 2018 година го регистрираше и пушти во продажба сапунот “Фамилијарно пакување”, првиот не-медицински продукт во Македонија со натпис со Брајлова азбука. Отсекогаш сметавме дека е неправедно што лицата со оштетен вид се особено хендикепирани во препознавањето на производите од делот на козметиката и храната. Големите компании произведуваат продукти во делот на медицината со Брајлова азбука затоа што законот ги обврзува на тоа.

Сметавме дека ФЕДОР како мала но, друштвено одговорна компанија треба да започне тренд кој се надеваме ќе ги мотивира поголемите и компании во Македонија од сите бранши да ги печатат пакувањата на своите производи и со Брајлова азбука. Се радуваме што тој тренд е препознаен и веќе е почнато со производство на такви продукти. Тоа е најмалку што можеме сите ние да го направиме за лицата со оштетен вид. Во иднина ќе го направиме тоа со сите наши продукти. Голема благодарност до Националниот Сојуз на слепите на Република Македонија.


Видете следно

Денес 23 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот …