Сараево повторно има најзагаден воздух во светот


Сараево утрово има најзагаден воздух во светот кога ќе се спореди состојбата во главните и поголемите светски градови, покажуваат податоците на специјализираната веб-страница IQAir денеска наутро.

Главниот град на БиХ во седум часот имаше индекс на загаденост (AQI) од 287, далеку пред пакистанскиот Лахоре (224), индиски Делхи (216), кинески Вухан (196) и индиска Калкута (174).


Меѓу 10-те најголеми или главни градови со најлош квалитет на воздухот во светот, се наоѓаат уште три од Балканот. Хрватскиот главен град Загреб е шести (173), Белград е веднаш зад него (170), додека бугарскиот главен град Софија е деветти со AQI индекс од 164.

Според показателите на IQAir, квалитетот на воздухот во Сараево е „многу нездрав” денека наутро, а се додава дека концентрацијата на ПМ2,5 честичките во моментов е „47,4 пати повисока од препорачаните вредности на Светската здравствена организација на годишно ниво”.


„Многу нездрав” квалитет на воздухот е потврден и во Лахоре и Делхи. гт/

Сараево, 17 јануари 2022 (МИА)



Видете следно

Цената на нафтата надмина 116 долари за барел

Цените на нафтата денеска пораснаа на трета последователна трговска сесија поради неизвесностите поврзани со глобалното …