Сатирична ризница, нова книга со одбрани афоризми од Миле Ѓорѓијоски


„Сатирична ризница” е називот на новата книга со одбрани афоризми од познатиот афористичар Миле Ѓорѓијоски. Книгата содржи над 1000 афоризми кои опфаќаат широк спектар на теми од секојдневниот живот на децата и возрасните, спортот, политиката, љубовта и машко-женските односи.

-Како и во сите негови дела Ѓорѓијоски и во ова дело нуди разноврсност која секогаш нуди можности за избор. ,,Сатирична ризница” претставува избор од прекрасното ткаење на зборот и мислата, најдоброто од целокупното долгогодишно творење на авторот. Изборот е направен од сите негови книги афоризми, истакна за ова дело поетесата Христина Деолска.


Како што додаде рецензентот на книгата Битомир Долински изборот од неговото досегашно богато сатирично творештво на Ѓорѓијоски е читателски празник за сите најпробирливи љубители на овој најкус и најблагороден книжевен жанр.

-Веруваме, и во иднина ќе имаат уште многу пријатни нови средби и уживања во идните дела што нестрпливо и со задоволство ќе ги очекуваме од книжевната „филигранска работилница“ на нашиот најистакнат „мајстор“ на убавиот сатиричен збор, додава Долински.


Со издавањето на книгата авторот го одбележа неговиот 65-ти роденден. вс/лв/
Делчево, 11 јануари 2022 (МИА)


Видете следно

Сончево и топло со температури до 35 степени

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална …