Саудиска Арабија ја отвора берзата за странски инвеститори


Саудиска Арабија ќе го овозможи пристапот на странски инвестиции до капиталниот пазар, отворајќи ја најголемата арапска берза кон светот, пишува Bloomberg.

Владата на земјата ја овластила комисијата за пазарите на капитал да дозволи странски финансиски институции да се продаваат и купуваат удели на компании, дел од Tadawal индексот. Регулаторот ќе се утврди кога и како ќе ја спроведе одлуката.

Берзата кај најголемиот производител на сурова нафта во светот станува се повеќе атрактивна за инвеститорите, откако Владата објави план за стимулирање на индустријата надвор од нафтениот сектор. Капитализацијата е моментално на 531 милијарди американски долари. Главниот индекс се зголемил за 14% оваа година, над двојно повеќе од MSCI индексот за пазари – 6%.

Досега пристап до него имаа само инвеститорите, од страните, дел од Советот за соработка во Заливот (Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и ОАЕ). Менаџерите на средства од други земји можеа да учествуваат во трговијата, единствено преку локални фондови.

Се претпоставува дека оние кои сакаат да тргуваат на Саудиската берза ќе треба да ги исполнат високите услови – минимум 5 милијарди долари управувано портфолио инвестиции и пет години оперативна историја.

 



Видете следно

ФИТР препознаен како успешен модел – поднесена иницијатива да се преслика на регионално ниво

Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ е препознаен како успешен пример во студијата …