Здравствените власти во Саудиска Арабија ја регистрираа за увоз и за употреба вакцината против коронавирус, развиена од компаниите Фајзер и Бионтек, објави денеска саудиската државна агенција СПА.
Вакцината е регистрирана од страна на саудиската Администрација за храна и лекови.
Исто така, се наведува дека ќе започнат процедурите потребни за увоз и употреба на вакцината, но не е прецизирано кога тоа ќе се случи. ссм/
Ријад, 10 декември 2020 (МИА)