Сауна во сопствениот дом: за ослободување од стресот и намалување на болките во мускулите и зглобовитe


Од сауната посебен бенефит имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис.


Успешните луѓе со време ги планираат своите активности. Ги карактеризира организираност, концентарција но и амбиција да направат нешто повеќе за себе, и за најблиските. Но, истовремено знаат дека по напорната работа, им е потребен издувен вентил, или можност да се опуштат и релаксираат. За повеќето од нив Сауна во домот е вистинската инвестиција за да се има балансиран живот.

Свесни се дека и покрај тоа што повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз и место за уживање, за нив сауната со своите бројни позитивни ефекти врз здравјето е пред се потреба. Посебно во денешните динамични услови на живеење, на изложеност на стрес и притисоци. Не е случајно што научниците од Харвард директно го поврзуваат честото користење на сауна со намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Тие истакнуваат дека со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен бенефит од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис.


Во услови кога времето е најголемиот ресурс, не секогаш можеме да одиме во сауна која е оддалечена од нашето место на живеење, така што идеално би било кога би имале сауна во сопствениот дом. Инвестицијата е многу мала, а доволен е многу мал простор, метар на метар, за нејзино поставување.  Зошто да не си овозможиме секојдневна релаксација, уживање и многубројни дружења со семејството во домашната сауна.

Здравјето нема цена! Поставувањето на сауна во сопствениот дом дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која ги оправдува повеќекратно вложените средства


Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни.

На следниов линк http://pirinexport.mk/ можете да добиете релевантни информации за проектирање и изведба на Фински сауни, за домашна и комерцијална употреба. Изборот на сауна пред сè зависи од просторот кој го имате на располагање во домот, како и од финансиските средства потребни за монтажа.

Колку чини една сауна и колкави се трошоците за нејзино одржување?

Една комплетно опремена сауна од Пирин Експорт за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба, чини околу 2000 евра, а цената варира зависно од опремата и материјалите кои ќе се вградат. Трошоците за користење на сауна  на месечна база, ако се користи 3 пати неделно (вклучена печка 1час, зависно од јачината на печката), ќе се потроши струја во вредност од 600 – 100 денари месечно. А за загревање на сауната до посакуваната температура, вообичаено потребни се 35 – 50 минути, зависно од температурата што сакате да се постигне. Сауната лесно се одржава, што ја прави вистинска инвестиција во здравјето на долг рок.

Повеќе инфо на https://www.facebook.com/PirinExport.Kozha.Sauni.Spa/


Видете следно

163 санкционирани возачи во Скопје, 72 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли …