СДСМ: Буџетот за 2021 година обезбедува посилна поддршка за здравството и можности за брзо закрепнување на економијата


Владата предводена од СДСМ со предлог-Буџетот за 2021 година праќа јасна порака дека помошта за економијата, помошта за спас на работните места, поддршката на најранливите категории но и поддршката за јавното здравство продолжуваат уште повеќе и во следната 2021 година.Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, што е за 8,3% повеќе во однос на вториот ребаланс 2020 година.Расходите се проектирани на ниво од 247,5 милијарди денари што е за 2,1% пониско во однос на вториот ребаланс на Буџетот за 2020 година.

Во Буџетот за економски работи планирани се 70,2 милијарди денари, за социјална заштита 90,28 милијарди, а за здравство 40,8 милијарди.Буџетот за 2021 година треба да обезбеди поддршка и унапредување на здравствениот сектор, пред се заштита на здравјето и на животот на сите граѓани, да го поддржи економското заздравување, со помош во справувањето со последиците од пандемијата и да овозможи ефикасно спроведување на потребните реформи.Затоа е важно сите пратеници, низ отворена, инклузивна и транспарентна дебата во Собранието, да го поддржат Буџетот за 2021 година.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 


Видете следно

Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари

Според финансиската анализа за работата на државните претпријатија во период од 2015 до 2019 година, …