СДСМ: Финансиска поддршка од 17.2 милиони евра за 400 компании за зголемување на продуктивноста


Владата предводена од СДСМ и во услови на сериозна здравствена и економска криза реализира мерки и политики, кои претставуваат сериозна поддршка за домашната економија.
Во рамките на третиот пакет мерки за помош и поддршка на екомијата обезбедуваме финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста наменета за приватниот сектор за компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот, кои и во кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат.

Преку оваа мерка 400 компании, кои веќе имаат започнато инвестициски циклус или ќе инвестираат во текот на 2021 година, ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17.2 милиони евра. Станува збор за инвестиции што се реализираат во периодот од март 2020 година до декември 2021 година, а вкупната инвестиција на избраните компании е проценета на 89 милиони евра.

Со ова се поттикнува зголемувањето на продуктивноста на компаниите, модернизација на процесите, зајакнување на конкурентноста, со крајна цел отворање на нови работни места и задржување на постојните.

СДСМ, како одговорна партија, креира и реализира политики што значат силна поддршка на домашната економија, помош за секој граѓанин погоден од кризата.
СДСМ


Видете следно

Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари

Според финансиската анализа за работата на државните претпријатија во период од 2015 до 2019 година, …